Нешто за нас
Како да станеш падобранец
Аероклубот Скопје организира обуки за Падобранци почетници и за Напредни падобранци. Почетничките обуки се организираат два пати годишно. На пролет и на есен. Напредната обука трае низ целата година.
Биди Пилот
Ако сакате да бидете спортски пилот или да направите кариера како професионален пилот во Аероклубот можете да го направите првиот чекор, Дозвола за приватен пилот на авион (PPL - Private Pilot Licence).
Воздухопловно семејство
Нашиот Аероклуб е отворен за сите кои, како и ние, ја делат пасијата за височините, летањето и сонувањето. Членувањето не е само во Клубот туку и во едно „воздухопловно семејство“ која функционира на принципи и вредности како и секое семејство.