Стани дел од клубот

Нашиот Аероклуб е отворен за сите кои, како и ние, ја делат пасијата за височините, летањето и сонувањето.

Членувањето не е само во Клубот туку и во едно „воздухопловно семејство“ која финкционира на принципи и вредности како и секое семејство.

Во тој клубски дух вткаени се вредностите по кои се препознаваат нашите членови. Тоа се љубов кон воздухопловството, храброст, верување во други, соработка, учтивост, страст, фер-плеј, интегритет, искреност, посветеност, грижа, почит и самопочит.
Покрај овие вредности ги почитуваме и основните демократски вредности: слобода, правда, толеранција, почитување на земјата и почитување на различностите.
Со политика и злосторства не се занимаваме, но често ги дебатираме.
Секој што може да се препознае во ове вредности е добредојден.

Падобранство

Падобранството, како воздухопловна спортска дисциплина, во Македонија се развило по Втората светска војна.

Едриличарство

АК Скопје има секција за едриличарство која е посветена на помагање на членовите да учат и да уживаат во...

Моторно летање

Ако сакате да бидете спортски пилот или да направите кариера како професионален пилот во Аероклубот...

Моделарство

Секцијата за самолетачки модели и радиоконтролирани авио-модели постои во Аероклубот одсекогаш.