Нашиот аеродром

Референтна точка на аеродромот (ARP): N 420 03’36, 36”; E 210 23’ 06, 77”; H=318, 72 м.

Спортскиот Аеродром Стенковец -Скопје се наоѓа северозападно од градот Скопје, 9 Км од центарот на градот, 200 метри источно од магистралниот пат Скопје – Приштина. Официјалното име е Спортски аеродром –„Стенковец-Скопје“.

Оператор на аеродромот е ДВТ АЕРОКЛУБ СКОПЈЕ ДОО Чучер Сандево, ул. Спортски Аеродром Стенковец бр. 151А, Чучер Сандево, П.Фах бр.11, 1012 Визбегово.

Спортскиот аеродром Стенковец – Скопје е граден од 1976 -1986 година врз основа на одобрение за градење бр. Уп – 1 од 08.06.1976 година, издадено од тогашниот Републички секретаријат за индустрија и трговија на СРМ. Технички прием е извршен и издадено е одобрение за користење бр. 5977/1 од 09.10.1986 година од тогашниот Сојузен комитет за сообраќај и врски на СФРЈ.

карактеристики

Аеродромот е наменет за:

0
Обука

Летање и обука на моторни пилоти, пилоти на едрилица и падобранци.

0
Моторни воздухоплови

Летање на едномоторни и повеќе моторни воздухоплови чија максимална. полетно-слетна тежина не поминува 5700 килограми,

0
Едрилици

Летање на моторни едрилици.

0
Авиони

Летање на авиони полесни од 500 кг ( ултра лесни).

0
VFR

Аеродромот е оспособен само за летање во услови на видливост (VFR).

0
Работно време

Работното време на аеродромот вон сезона е од 8 часот наутро до 17 часот, попладне, а во сезона на летање од 8 часот наутро до 20 часот навечер.

Услугите кои кои може да ги пружи аеродромот „Стенковец“ Скопје се:

– паркирање, ленгерирање и хангарирање на воздухоплови кои можат да оперираат на аеродромот.

За воздухоплови кои пристигнуваат на, или заминуваат од аеродромот „Стенковец“ Скопје е потребна претходна најава од 24 часа на овластеното лице на аеродромот или управителот.

Управител на аеродромот е Дејан Саздовски.

Аеродромот, во секое време кога е можно полетување и слетување на воздухоплов, стои на располагање на сите лица-оператори со еднакви односи и услови.

Полетно слетната патека е со должина од 1200 m и широчина од 50 метри и се протега во правец 122°- 302°

Референтна точка на аеродромот (ARP): N 420 03’36, 36”; E 210 23’ 06, 77”; H=318, 72 м.

Надморската височина на аеродромот на средината од полетно-слетната патека е 318, 72м и референтна температура на аеродромот измерена во август е + 29°Ц

Аеродромот располага со апарати за ППЗ од тип S, који се наменети за гаснење на почетни пожари од класата Б, Ц и Е.(3 од 50 кг и 4 од 12 кг) кои редовно се одржуваат.

Со апаратите од типот “S“ можат да се гасат електрични инсталации под напон од 1000 волти.

Во случај на потреба се употребува и песок за гаснење на пожарот кој се наоѓа на самиот влез на хангарот од двете страни во црвени пресечени буриња.

Активностите се најавуваат најмалку 30 минути пред почеток на телефон (02)3148408. Најавата ги содржи деталите околу активностите (вид на активности, број и тип на воздухопловите, зона и висина на работа, маршрута и сл.). Телефонскиот начин на најава е префериран начин и ќе се применува пред најавата по радио врска секогаш кога е можно, со цел да не се оптоварува фреквенцијата со долги емитувања што би го попречиле водењето на останатиот воздушен сообраќај.

Кога телефонскиот начин на најава не е возможен, најавата може да се направи и по радио врска на приодната контрола на летање на 120.300 MHz.

Воздухопловните активности ги најавува раководителот на активностите и кое за цело време траење на тие активности ќе биде одговорно за безбедно и ефикасно одвивање на истите.

  • Комуникацијата помеѓу воздухопловите и који оперираат во зоните на аеродромот (спортска фрекфренција) 123,50 или резервна 122,50 MHz
  • Воспоставување контакт со обласната кула за летање 118,50 MHz
  • Фрекфренција Скопје обласна 119,70 MHz
  • Фрекфренција EMERGENCY 121,50 MHz
  • ATIS 130,125 MHz

Аеродромот е оспособен за извршување на летови во услови на видливост (VFR)

За аеродромско летање е потребна:

  • Хоризонтална видливост најмалку: 8 км
  • Височина на долната база на облаците најмалку: 450. м.QFE
  • Вертикално растојание од база на облаците: 200 м
  • Хоризонтално растојание од облаците: 1500 м
  • Челна брзина на ветерот максимално : 10 м/с

 

__

Контакт инфо

Ако ви требат повеќе информации пишете ни