Нашиот Аероклуб е отворен за сите кои, како и ние, ја делат пасијата за височините, летањето и сонувањето.
Членувањето не е само во Клубот туку и во едно „воздухопловно семејство“ која финкционира на принципи и вредности како и секое семејство.
Во тој клубски дух вткаени се вредностите по кои се препознаваат нашите членови. Тоа се љубов кон воздухопловството, храброст, верување во други, соработка, учтивост, страст, фер-плеј, интегритет, искреност, посветеност, грижа, почит и самопочит.
Покрај овие вредности ги почитуваме и основните демократски вредности: слобода, правда, толеранција, почитување на земјата и почитување на различностите.
Со политика и злосторства не се занимаваме, но често ги дебатираме.
Секој што може да се препознае во ове вредности е добредојден.