Падобранство

Добредојдовте во светот на падобранските скокови. Без разлика дали барате возбуда или сакате да станете професионален падобранец, во падобранската секција ќе добиете најдобра и најбезбедна обука по програма креирана со децении и високо обучени инструктори кој ќе ви помогнат вашите соништа да ги претворите во реалност.
Нашата наставна програма е дизајнирана разбирливо и насочена кон пракса за да обезбеди лесно и безбедно учење. Со поминување на обуката ќе бидете спремни за првиот самостоен скок. Иако минималниот број на часови во обуката е 18 теоретски и 8 практични, учењето трае се додека не научат идните падобранци.
Безбедноста е нашиот најголем приоритет затоа се придржуваме до највисоките безбедносни стандарди и ги воведуваме најновите техники на учење и вежбање.

Сакаш да станеш падобранец?

Аероклубот Скопје организира обуки за Падобранци почетници и за Напредни падобранци. Почетничките обуки се организираат два пати годишно. На пролет и на есен. Напредната обука трае низ целата година.