
Добредојдовте во школата за едриличари на Аероклуб Скопје,
…каде што идните пилоти на едрилици ги започнуваат своите први чекори кон небото, како дел од нашето посветено воздухопловно семејство. Со традиција и страст кон летањето, нашата мисија е да обезбедиме врвна обука и поддршка за сите кои сакаат да го искусат мирниот, но предизвикувачки лет со едрилица. Клубот поседува два авиони за влечење и две едрилици. Едниот е двосед LET L-23 Супер Бланик, а другиот е едносед Јастреб Вук-Т.
За да започнете со обуката, потребен е лекарско уверение од воздухопловна медицина класа 4.
Нашиот фокус
Во школата за едриличари, кандидатите се стекнуваат со лиценца за пилот на едрилица, основа за сите понатамошни спортски и рекреативни летови. Обуката вклучува практични вежби за летање во различни метеоролошки услови, техники за контрола на едрилицата и безбедно слетување. Теоретската подготовка ги покрива основите на аеродинамиката, метеорологијата и навигацијата.
Програми и целна група
Нашата школа е отворена за:
Пилоти кои се стремат да ги прошируваат своите воздухопловни вештини, да напредуваат и да учествуваат во натпревари и спортски активности со едрилици.
Млади луѓе и ентузијасти кои сакаат да станат дел од светот на едриличарството, да научат како да управуваат со едрилици и да ја доживеат убавината на слободното летање.
Нашиот тим
Инструкторите се искусни едриличари, професионалци со долги години активност во спортското летање. Со нивниот посветен менторски пристап, кандидатите добиваат практична и теоретска обука прилагодена на нивните потреби, со цел да ги совладаат сите неопходни вештини за безбедно управување со едрилица.
Како функционира обуката?
Школата ја води искусниот инструктор Оливер Ивановски и тој ја спроведува основната и напредната обука. Обуката е флексибилна и може да се прилагоди според времето и можностите на ученикот. Програмата вклучува практични вежби и летови, комбинирани со теоретски дел, каде што се совладуваат основите на управување и навигација. Времетраењето на обуката варира, зависно од посветеноста и потребите на ученикот.
Пријавување и контакти
За пријавување, пополнете ја формата на нашата веб-страница или контактирајте не преку е-маил на oli_padobran@yahoo.com и телефон 070 355 996.
Безбедност и стандарди
Програмата за обука на едриличари е одобрена од Агенцијата за цивилно воздухопловство и е под континуиран надзор. Аероклуб Скопје се придржува до строгите безбедносни стандарди, и горд член на Воздухопловната федерација на Македонија и FAI.