Членови

Членови на Аероклубот можат да бидат сите граѓани кои имаат желба да се занимаваат со некој од воздухопловните гранки, односно да придонесат за развојот на спортското воздухопловство, односно симпатизери на спортското воздухопловство, кои ќе изразат желба за членување на Аероклубот, ќе го прифатат Статутот на АК Скопје, ќе платат членарина и доброволно ќе потпишат пристапница.

Права на членовите

Со зачленување на Аероклубот и платената членарина, сите членови ги обезбедуваат сите права кои произлегуваат од Статутот што во основа подразбира:
0
Членска карта

Право на добивање членска карта; За своите членови Аероклубот обезбедува право на учество на домашни и меѓународни натпревари.

0
Финансии

Финансиски партиципира при учество на натпревари со свои средства и средства обезбедени од Агенцијата за млади и спорт или други институции.

0
Материјални добра

Членовите имаат право да ги користат материјалните добра со кои располага Аероклубот или се доделени на користење, согласно Одлуките и Правилниците донесени од Управниот одбор на Аероклубот.

Обврски на членовите

Членовите на Аероклубот ги остваруваат статутарните права само во случај кога ги почитуваат следните обврски:
0
Статут

Да се придржуваат кон овој Статут;

0
Членарина

Редовно да плаќаат членарина;

0
Материјални добра

Правилно и домаќински да ги користат доделените материјални, технички, летачки и спортски реквизити;

0
Законски одредби

Да се запознаени и да се придржуваат кон одредбите од Законот за воздухопловство како и Правилниците за спортски натпревари;

0
Без политика

Да не наметнуваат политичко и идеолошко влијание врз други членови;

0
Соработка

Да не се организатори на раздор и бунтови помеѓу членовите од матичната или другите секции;

0
Почит

Да ги почитуваат одлуките на Собранието, Управниот одбор и раководството на секцијата на Аероклубот;

0
Достоинство

Достојно да го репрезентираат Аероклубот на сите спортски и други манифестации, на кои се појавуваат како негови членови.