Правила на користење на аеродормот

февруари 18, 2019
0
Време

Работно време на аеродромот вон сезона е од 8 наутро до 17 часот попладне, во сезона на летање од 8 наутро до 20 часот навечер.

0
---

Во случај на потреба управителот може да го смени работното време.

0
Домашни миленици

Забрането е влегување на аеродромот со било какво животно (куче, маче, птица, добиток), освен ако истите не се заврзани и прописно се водат.

0
Отпад

Забрането е фрлање на ѓубре, хартии, рушевини, органски и секаков вид на отпад во било кое подрачје на аеродромот освен на местата наменети за таа употреба.

0
---

На аеродромот не смее да се оставаат предмети како: стари автомобили и други превозни срества, стар мебел и делови од мебел, градежен материјал, шут итн.

0
Користење на ресурси

Користење на воздухопловите, падобраните, едрилиците е дозволено единствено со одобрение на управителот во договор со овластените лица на секоја воздухопловна гранка.

0
Коцкање

Забрането е било какво коцкање или било каква игра на пари.

0
---

Забрането е вршење на нужда надвор од тоалетите.

0
Одговорност

Забрането е уништување на било кој објект, знак, опрема, дрва, цвеќе, тревни површини и друг посед на аеродромот. Секое лице кое ќе го стори тој чин ќе биде одговорно и ќе мора да ја сноси штетата во парична противвредност.

0
Пристапница

Сите членови на аероклубот се должни да имаат пополнето пристапница и сходно на тоа да ја подмират членарината за тековната година до секој втори месец на тековната година.

0
---

Сите членови кои ја немаат подмирено членарината за тековната година немаат право да ги користат воздухопловите, падобраните, моделите, проосториите на аероклубот и како сите повластици кои ги нуди кујната од аероклубот.

0
Алкохол

Забрането е конзумирање на секаков вид на алкохол во хангарот, работилницата и пред хангарот на стојалиштето за авионите.

0
Казна

Управителот на аеродромот има овластување од управниот одбор на лицата кои нема да се придржуваат на правилата на однесување за спортскиот аеродром Скопје да им изрече од мандатна казна до исклучување од членство во аероклубот.

Новости
февруари 18, 2019