Школо за пилоти

Добредојдовте во школата за приватни пилоти (PPL A) на Аероклуб Скопје,

…еден од најстарите и најпрестижните воздухопловни клубови во Македонија, со традиција од 100 години. Нашата мисија е да ги едуцираме и обучиме идните приватни пилоти на спортски авиони и генерална авијација, преку програма што го поставува темелот за понатамошно комерцијално пилотирање.

За да започнете со обуката, потребен е лекарско уверение од воздухопловна медицина класа 2.

Нашиот фокус

Во школата за пилоти нудиме обука за добивање на лиценца за приватен пилот (PPL A), која е основа за сите идни пилотски кариери. Обуката опфаќа летање со Цесна 172, еден од најпознатите авиони за обука, како и темелна теоретска подготовка.

Програми и целна група

Нашата школа ги привлекува:

Млади луѓе кои сакаат да се развиваат во комерцијалното пилотирање. Преку нас го започнуваат првиот чекор на патот кон професионална кариера, а ние нудиме поддршка и администрирање низ целиот процес до добивање на комерцијална дозвола.

Спортски пилоти, авиони за изнајмување и помош при чување и одржување на нивните лични авиони.

Нашиот тим

Нашите инструктори се искусни професионалци, пензионирани пилоти со долгогодишно искуство во полицијата, комерцијалната авијација и земјоделското пилотирање. Со нивното знаење и менторски пристап, учениците добиваат персонализирана обука прилагодена на нивните потреби и темпо.

Како функционира обуката?

Обуката е флексибилна и се одвива според времето и можностите на ученикот. Таа трае од 3 до 6 месеци, зависно од посветеноста на ученикот.

Теоретскиот дел од обуката има 130 часа и за полагање за PPL(A) треба успешно да ги заврши вежбите со најмалку 45 часа налет. Со 123 лета со авион може да се совладаат сите елементи на летање според Програма на вежби во воздух.

Теоретската и практичната обука чинат околу 9000 евра.

Пријавување и контакти

Пријавувањето се врши преку пополнување на форма на нашата веб-страница, или преку емаил на aeroklubsk@gmail.com и телефон 075 281224.

Безбедност и стандарди

Програмата за обука и работата на школата се одобрени и под континуиран надзор од Агенцијата за цивилно воздухопловство, а нашиот клуб има сопствен сертифициран сервисен центар според PART-145. Аероклуб Скопје е горд член на Воздухопловната федерација на Македонија и FAI, и има соработка со поголем дел од воздухопловните школи во регионот.