Секцијата за самолетачки модели и радиоконтролирани авио-модели постои во Аероклубот одсекогаш. Основата на летањето младите ја стекнувале токму овде преку вештините и трпеливоста на постарите моделари. Успесите на натпревари и бројноста во секцијата покажува дека имаме знаење и радо го предаваме.
Многу често моделарската секција била прв чекор во светот на летањето.
Ако сакате да станете член на Аероклубот првиот чекор е тука.