Светот полека се ослободува од изолацијата, се отвораат граници и тенденција е да се вратиме во нормала. Но, дали се враќаме или креираме нова нормала. Да не заборавиме дека Ковид19 е потенцијално смртоносен вирус и многу лесно се пренесува. 

Како можеме да продолжиме со скокање и летање безбедни од вирусот? Кои мерки на претпазливост би биле разумни?

Аероклубот Скопје  ги стопира сите акивности и обуки на Спортскиот аеродром Стенковец освен активностите што се во интерес на јавното здравје. (прскање против ларви на комарци и комарци, аеро-вакцинирање на лисици против беснило, подготовки за засејување на облаци итн.)

После многу размислување, консултации со медицински експерти и позитивни практики од другите аеродроми направивме листа на заштитни мерки (процедури) за безбедност против Ковид19. 

Пристапот за креирање на оваа листа на заштитни мерки за безбедност е еднаков како при креирање на сите безбедносни процедури во воздухопловството. 

На крајот на краиштата, секој ќе си направи свој избор дали ќе доаѓа на аеродром или ќе се самоизолира дома - но, ако реши да доаѓа ќе мора да ги почитува мерките за да се заштитиме едни со други и нашава малечка заедница најдобро што можеме.

Една од работите што најмногу ја сакаме во нашето воздухопловно семејство е тоа што сме многу разновидни. Ова семејство вклучува луѓе кои се во ризична група и постари членови.  Сакаме сите што доаѓаат на аеродромот да се чувствуваат колку што е можно поудобно и побезбедно. Никако не сакаме некој наш клубски другар да ја плати цената за нашите лоши одлуки. Ако можеме со едноставно миење на рацете да ја зголемиме безбедноста, тоа и ќе го правиме пред секој скок или лет. 

Ве молиме, помогнете ни да продолжиме со спортот што го сакаме во безбедна средина, колку што може овој спорт да биде безбеден. 

Листа на заштитни мерки за безбедност против Ковид19

Пред да дојде на аеродормот Стенковец

Прва одбрана против Ковид19 е да ја минимизираме веројатноста некој што го има вирусот да дојде на аеродромот. Пред да дојдете запрашајте се:

1. Дали сте биле во контакт со некој кој има Ковид19?

2. Дали сега или во последните 14 дена имате некој од следниве симптоми: Треска, кашлица, останување без здив, болка во мускулите, болки во грлото, главоболка или губење на вкус или мирис?

3. Дали сте патувале надвор од земјата во последните 14 дена?

4. Додека сте дома, дали сте во контакт со лица од ризичната група?

5. Дали сте ги занемариле основните практики за социјално дистанцирање во вашиот секојдневен живот (носење маска, 2 метри растојание)?

Ако одговоривте со „да“ на било кое од овие прашања, ве молиме, не доаѓајте на аеродром додека не помине пандемијава целосно или додека не направат функционална вакцина.

Медицинските стручни лица кои работат со пациенти со Ковид19 и се заштитени додека се на работа се добредојдени и кафето е на сметка на Аероклубот. 

Процедура при пристигнување на аеродромот

Секој посетител што доаѓа на аеродромот Стенковец ќе мора да го остави возилото на главниот паркинг. По патеката ќе дојдете до скалите каде ќе Ве пречека вработен во Аероклубот и со кратки прашања за здравјето и мерење на температурата ќе оцени дали ќе можете да бидете во просториите. Висока температура и кашлање на еден може да бидат причина да не ви дозволат пристап на целата група. 

Во случај да пристигнете и нема никој на одреденото место јавете се на 078 734849 или почекајте.

На истото место ќе има и средство за дезинфекција на рацете. 

Процедура за социјална дистанца и маски

Од секого ќе се бара да носат маски додека е во просториите или блиску до луѓе надвор од својата група. Маските се вадат кога Вашата активност е подалеку од другите.

Нема да бидеме полицајци, но може да Ве прогласат за „персона нон грата“ на аеродромот.

Ако треба да кашлате или кивнете, направете го тоа во лактот. Ако досега не сте научиле како треба или често кашлате и/или кивате, подобро е да го напуштите аеродромот.

Ве молиме, одржувајте минимално растојание од најмалку 2 метри од други лица. 

Не правете контакт со рака, ракување, „да пукне“ или тупаниче. Доволно е климнување со глава. 

Обуките се прават на отворено со минимално дозволеното растојание. 

Не повеќе од три лица, освен вработени, ќе бидат дозволени во канцелариите.

Ве молиме да одолеете на желбата за физичка манифестација на среќа и љубов како што се гушкања, бакнежи, да пукне, тупаниче итн. 

Измијте ги рацете со сапун и вода пред и после секоја активност и често во текот на денот, во тоалетот ќе има доволно сапун и средство за дезинфекција. Сепак пожелно е да си носите своја заштитна опрема и средства за санитација.

Кога е можно, користете хартиено марамче за да спречите директен контакт со заеднички  предмети како на пример, мијалници, тоалети, кваки, итн.

Прцедура за во авион

Времето поминато заедно во тесните авиони е најризичен дел за ширење на вирусот. Маските за лице ќе помогнат, но нема целосно да го отстранат ризикот. Колку е повисок квалитет на маската и колку подолго се носи, толку повеќе обезбедува заштита. Покрај тоа, треба да посветиме дополнително внимание на тоа како се однесуваме во авионот.

Измијте ги рацете пред да се качите во авионот и што е можно почесто. Ако носите ракавици, треба да се испрскаат со средство за дезинфекција. 

Носење на маска или бандана е здолжително за време на летот. 

Носење на заштитни очила е задолжително при скокањето. 

Доколку имате се препорачуваат кациги за цело лице со затворен визир.

Ако носите кацига со отворен облик, маската носете ја до пред излез од авионот. 

Можете да скокате и со маска но осигурајте ја да не се случи да се измести и ви го попречи гледањто. Препорачуваме маски дизајнирани за спорт (скијање, точак возење итн).

За зголемување на циркулацијата на воздухот, вратата на авионите ќе се отвори порано и ќе се остави отворена колку што е можно подолго. 

Во авион зборувајте само ако е апсолутно неопходно. Говорењето го зголемува преносот на честичките Ковид19. Што погласно зборувате се зголемува преносот на честичките Ковид19.

Не правете поздрави, ракувања, дапукне, тупаниче и друго во авионот дури и со ракавици. 

Процедура за дезинфицирање

Покрај мерките за лична безбедност и прцедура за во авион, во текот на денот ги зголемуваме и нашите процедури за дезинфицирање на работната средина и средствата што ги употрбуваме. 

На почетокот и на крајот на денот секој користен авион ќе биде испрскан со средство за дезинфекција.

На почетокот на денот со планирана активност, ќе се дезинфицираат канцелариите, училницата, просторијата за падобрани, кујна и други простории кои се користат.

Тоалетите, рачките на вратите, рачките на авионите, вратата, подот на авионите и сите вообичаени допирни површини низ целиот аеродром ќе се дезинфицираат секое утро и често во текот на денот.

На три места се инсталирани чешми за миење раце. Пред хангар, пред сервис и неколку во тоалетот. 

Следење на контакти

Доколку откриете дека сте позитивни на Ковид19 и сте биле на Спортскиот аеродром Стенковец во претходните 14 дена, ве молиме да не контактирајте веднаш на aeroklubsk@gmail.com со информација со кого сте биле во контакт. Ние ќе ги известиме другите посетители кои можеле да дојдат во контакт со вас. 

Ковид19 и воздухопловните спортови

Во воздухопловните спортови има контакти. Ве молиме, разберете дека со сите мерки на претпазливост и мерки на безбедност што ги преземавме, не е можно да ви гарантираме дека нема да бидете изложени на Ковид19. Ако не можете да го прифатите ризикот и покрај сите безбедносни мерки што сме ги преземале, тогаш не треба да доаѓате на аеродромот Стенковец

Превод на ангиски SAFETY PRECAUTIONS AGAINST COVID-19 PANDEMY TO BE USED AT STENKOVEC AIRPORT

 

Оваа веб-страна беше креирана и одржувана со финансиска поддршка на Европската унија. За содржината на оваа веб-страна единствено е одговорно АК Скопје и таа не мора да ги одразува ставовите на Европската унија.

Airflow
sex shop sex shop sex shop sex shop sex shop sex shop