Убавината на слободниот пад може да ја искусите во Аероклубот Скопје. Почетничките обуки се организираат два пати годишно, на пролет и на есен. Напредната обука трае низ целата година.
Првиот чекор на секој падобранец почетник е лекарски преглед во Воздухопловна медицина. Потоа следи обука која трае околу 3 недели и се состои од теоретски и практичен дел.
За да биде примен на основна обука, кандидатот за падобранец треба да ги исполнува следните услови: најмалку 16 години возраст; да има лекарско уверение и ако не е полнолетен писмена согласност од родител.