АК Скопје

декември 22, 2019

Основни податоци за АК Скопје

Аероклубот Скопје е формиран далечната 1923 година. Од моментот на формирање до денешен ден е посветен на развивање и популаризација на воздухопловните спортови во Македонија.

Низ годините го менува името од „Наши крила“ во „Аероклкуб Скопје“, па во чест на рускиот космонаут преименуван е во „Јуриј Гагарин“ и во деведесеттите години на минатиот век поворно се врати старото име Аероклуб Скопје.

Клубот се финансира од членарини, самофинансирање и комерцијални работи во воздух кои ги работат членовите.

Визијата на Аероклубот е Скопје со висока воздухопловна култура и развиен спортски аеродром.

Мисијата е Подигнување на воздухопловна култура преку континуирано образование на воздухопловни спортисти, развивање и популаризација на воздухопловните спортови.

Вредностите кои ги ценат нашите членови се љубов кон воздухопловството, храброст, верување во други, соработка, учтивост, страст, фер-плеј, интегритет, искреност, посветеност, грижа, почит и самопочит. Покрај овие вредности ги почитуваме и основните демократски вредности: слобода, правда, толеранција, почитување на земјата и почитување на различностите.

Аероклубот е формиран како спортско друштво и со последните промени во Законот за здруженија и фондации е пререгистриран во Здружение на граѓани вљубеници во воздухопловството.

Во моментов функционални се секциите за Моторно летање, Едриличарство, Падобранство и Моделарство. Во процедура е формирањето на Параглајдерската и секцијата за летање на дронови.

Претседател на Здружението за афирмација на воздухопловството АК СКОПЈЕ, Чучер Сандево е Јане Стефанов. Управниот одбор е составен од членови на сите секции, а Надзорниот одбор се бира на Собрание. Во управувањето на Аероклубот постои и Совет за безбедност во летањето составен од инструктори од разните секции.

AK Скопје организира обуки за падобранство, едриличарство и моторно летање. Операција која на годишно ниво образува преку 30тина ученици. Одржувањето на оваа операција бара ангажман на вкупно 10 тренери во различни области.

Одржувањето на аеродромот како место каде се изведуваат активностите побарува почитување на строгите правила и регулативи според Законот за воздухопловство и Агенцијата за цивилна воздушна пловидба.

Аероклубот се јавува и како организатор на натпревари и аеромитинзи. При координирањето на овие настани потребни се вештини за раководење со сложени операции кои се засноваат врз начелата на безбедност.

Новости
декември 22, 2019