На 11 март 2020 година започнува Обуката за падобранци почетници. Желбата за самостојни падобрански скокови можете да ја исполните во следните чекори.
Првиот чекор е пополнување на оваа Пристапница.
Втор чекор е основен медицински преглед.
Трет чекор обука на земја.
Четврт чекор проверка на знаење.
Петиот чекор самостојни скокови од 1200 метри.
После третиот скок одлучувате дали и зошто го сакате овој свет кој тежнее за плавото небо.
Пополнување на пријавите до 10 март и на 11 март е првиот час.
Обуката со 3 скокови и чланарина за 2020 година е 18450 денари.
Убавината на слободниот пад може да ја искусите во Аероклубот Скопје. Почетничките обуки се организираат два пати годишно, на пролет и на есен. Напредната обука трае низ целата година.
Првиот чекор на секој падобранец почетник е лекарски преглед во Воздухопловна медицина. Потоа следи обука која трае околу 3 недели и се состои од теоретски и практичен дел.
За да биде примен на основна обука, кандидатот за падобранец треба да ги исполнува следните услови: најмалку 16 години возраст; да има лекарско уверение и ако не е полнолетен писмена согласност од родител.