Размислувате за падобрански скокови, или сакате да купите невообичаен подарок за роднина  или пријател (најдобар подарок што може човек да добие), сигурно си ги поставувате следните прашања!

Еве некои од најчестите прашања поставени:

Колку години е „премногу стар“ за да се скока со падобран?

Во падобранството нема „премногу стар“. Има само желба и секој просечно здрав човек може да го направи скокот. За тандем скок лекарски преглед не е потребен и доколку се сомневате во вашето здравје доволно е консултација со општ лекар. Неодамна во нашиот клуб направивме скок за прослава на седумдесетти роденден. 

Колку трае скокот?

Скокањето е активност за цел ден затоа препорачуваме да не правите други планови дента, освен прослава по скокот.

Обуката пред скокот трае петнаесетина минути. Тандем инструкторот Ви објаснува што се очекува од вас за време на скокот. Летањето со авион за да се постигне висината од 3000 метри е околу 40 минути. Слободен пад од околу 40 секунди и летање под отворен падобран од 4 минути.

Обично е се готово за 2-3 часа.

Имам свој GoPro, можам ли да го снимам скокот?

Не, за жал од безбедносни причини не можете да снимате со камера. За да можете успешно да го правите ова потребно ви е многу скокови и знаење. Затоа оставете професионалци да го прават снимањето, а Вие уживајте додека паѓате со 200км/ч.

Може ли да носам контактни леќи?

Да, ќе ви обезбедиме очила кои ќе го заштитат окото од ветрот и ќе може добро да гледате од горе. Кажете му на вашиот инструктор дека носите контактни леќи.

Можам ли да нуркам пред да скокам?

Треба да оставите најмалку 24 часа помеѓу нуркањето и падобранството за да се спречи декомпресија. Многу е важно да го известите инструкторот за Вашата состојба.

Дали има ограничување на тежината?

Доколку тандем патникот е над 95 килограми па се до 115 килограми, тандем инструкторот прави проценка за безбедноста на скокот. Над 115 килограми не е дозволено.

Која е цената на скокот?

Цената за ова задоволство е 12300 денари. За додатни 1200 денари добивате и снимка од воздух, а за  300 денари добивате и маичка.

 

Доколку имате други прашања за тандем скоковите слободно прашајте на vozdushen@gmail.com.

Оваа веб-страна беше креирана и одржувана со финансиска поддршка на Европската унија. За содржината на оваа веб-страна единствено е одговорно АК Скопје и таа не мора да ги одразува ставовите на Европската унија.

Airflow