Тандем скокот со падобран е начин на скокање каде тандем патникот се прицврстен на тандем инструкторот преку систем на врски специјално дизајнирани за таа намена.

Инструкторот му помага на патникот низ целиот скок: од излезот, слободното паѓање, отворање, управување под отворен падобран и слетување.

На патникот му треба само минимална настава пред да го направи тандем скокот. Обично е петтнаесетина минути обука.

Во Македонија тандем скоковите започнаа пред петнаесетина години и тоа го правеше само еден тандем инструктор.

Со цел да одговориме на зголемената побарувачка на тандем скоковите од вљубениците на падобранството, АК Скопје одлучи да ги подобри капацитетите во овој правец.

Со помош на ЕУ, Светска Банка и Министерството за Економија на РСМ во рамките на „Проектот за локална и регионална конкурентност“, проектна компонента „Инвестиции во туристичка инфраструктура и поврзувања во дестинациите“ подготвивме современ Центар за тандем скокови, нова опрема и обука за уште тројца тандем инструктори. Со ова се комлетира заложбата за развивање на падобранството во овој правец.

Сите ентузиасти и трагачи на возбуди можат да дојдат на Спортскиот аеродром Стенковец и да ја почуствуваат убавината на слободниот пад.

Сите работи што треба да ги знаете за скокањето од авион со тандем

КОНТАКТИРАЈ СО

НАШИОТ ТИМ





Оваа веб-страна беше креирана и одржувана со финансиска поддршка на Европската унија. За содржината на оваа веб-страна единствено е одговорно АК Скопје и таа не мора да ги одразува ставовите на Европската унија.

Airflow