Зошто да ја изберете нашата школа за падобранство?

Затоа што имаме искусни инструктори, врвна опрема и техника за обука, индивидуален пристап, безбедноста ни е приоритет и ја сакаме забавата и адреналинот.
Во Клубот ќе најдете заедница на истомисленици кои ја споделуваат вашата страст кон плавото небо и авантура.
Вредностите кои ги ценат нашите членови се љубов кон воздухопловството, храброст, верување во други, соработка, учтивост, страст, фер-плеј, интегритет, искреност, посветеност, грижа, почит и самопочит.
Започнете:
Основен курс за падобранство: Нашиот комплетен курс за прв скок е дизајниран за почетници. Научете ги основите на падобранството, безбедносните правила, принудните постапки, метеорологијата и уживајте во скокањето.
Напреден курс за падобранство: За оние кои што сакаат да напредуваат во знаењата за падобранство има менторски систем за усовршување на знаењата, усовршување на летање во слободен пад и слетување со отворен падобран.
Падобранска дозвола: По успешното завршување на нашите образовни програми, и полагање на потребните теоретски и практични испити добивате дозвола и овластувања на падобранец, доказ за вашите нови вештини и самодоверба.
Придружете се оваа пролет во март!

Сакаш да станеш падобранец?

Аероклубот Скопје организира обуки за Падобранци почетници и за Напредни падобранци. Почетничките обуки се организираат два пати годишно. На пролет и на есен. Напредната обука трае низ целата година.