Ако сакате да бидете спортски пилот или да направите кариера како професионален пилот во Аероклубот можете да го направите првиот чекор, Дозвола за приватен пилот на авион (PPL - Private Pilot Licence).

Школскиот центар за обука на пилоти работи според Програмата за школување и стекнување на Дозвола за приватен пилот на авион и опфаќа стандардно оспособување на ученик – пилот. (МК JAR - FCL1). Успешното совладување на темите од теоретската и практичните настава од оваа програма, му овозможуваат на ученикот - пилот, во текот на школувањето успешно да ја заврши обуката и да го положи испитот за дозвола за приватен пилот на авион.

Ученик - пилот мора да има најмалку 16 години пред првото самостојно летање, а за да може да полага испит за ППЈ1(А) мора да има најмалку 17 години.

Теоретскиот дел од обуката има 130 часа. Практичниот дел од обуката за летање може да ја започнат откако ќе ги ислушаат следните предмети: Основно познавање на воздухоплови, Изведување и планирање на лет, Основни принципи на летање и Комуникација. Во текот на летањето можат да ги слушаат следните предмети: Метеорологија, Навигација, Човечки способности и ограничувања, Оперативни процедури, Воздухопловни прописи и АТЦ процедури.

Кандидатот за PPL(A) мора да има најмалку 45 часа налет за да може да полага испит. За 123 лета со авион може да се совладаат сите елементи на летање според Програма на вежби во воздух.

Летен попуст

Почетничка обука за падобранство, купи 10 скокови и добиј 2 гратис.

КОНТАКТИРАЈ СО

НАШИОТ ТИМ





Оваа веб-страна беше креирана и одржувана со финансиска поддршка на Европската унија. За содржината на оваа веб-страна единствено е одговорно АК Скопје и таа не мора да ги одразува ставовите на Европската унија.

Airflow