Моделарство

Секцијата за самолетачки модели и радиоконтролирани авио-модели постои во Аероклубот одсекогаш. Основата на летањето младите ја стекнувале токму овде преку вештините и трпеливоста на постарите моделари. Успесите на натпревари и бројноста во секцијата покажува дека имаме знаење и радо го предаваме.

Многу често моделарската секција била прв чекор во светот на летањето.

Сакаш да станеш пилот?

Ако сакате да бидете спортски пилот или да направите кариера како професионален пилот во Аероклубот дојдете на нашиот аеродром или испратете ни порака.